Message info
 
To:mapping-macedonia@googlegroups.com From:Mapping Macedonia on behalf of Macedonicus Subject:[INFO] Да се одбере начин за териториjалните граници Date:Fri, 18 May 2012 12:31:43 -0700 (PDT)
 

Здраво мапери.
Треба да одбереме еден од двата начина на коj ќе се исцртуваат границите на населените места.
Начин бр 1:
Границите на градовите да се еднакви со границите на општините пр. границата на Битола да е иста со границата на општина Битола. Оваа практика jа има каj повеќето земjи каде што има општини на пр. во Словениjа и Бугариjа. (види слика). Така кога во search ќе пишат Битола или било коj град, ќе се поjави териториjалната граница на општината т.е границата на градот заедно со околните населени места (села) без да има потреба селата да се обележуваат со вистинските граници. Селата кои се наоѓаат во општината би се обележале онака како што изгледаат гледано одозгора. Исто така селата би се обележувале со категориjата Sub-locality/Locality бидеjќи не треба во рамките на категориjа City/Town/Village да има населени места со истата категориjа.

Начин бр. 2:

Границите на градовите да се онака како што се одредени со закон на пр. границата на градот Скопjе да не се протега до околните села туку само онаа површина коjа е утврдена со урбанистичките планови (http://gup.skopje.gov.mk) а секое село да се исцрта со своите граници т.е атари (границите на населените места ги има овде). На овоj начин се обележани границите во Франциjа, Грциjа а во скоро време почнаа и во Србиjа и Косово. Овоj начин е помакотрпен бидеjќи би требало да исцртаме минимум 2000 населени места со точните граници. Категориjата и за градовите и за селата во овоj случаj би била City/Town/Village.

Според оноj начин коj ќе се избере, ќе jа одредиме и хиерархиjата. Што мислите?

Attachment:

lj..png
lj..png